Светски познатиот тенор Хозе Карерас, заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија, вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе одржи концерт во рамки на прославата 35 години независност на земјава. Концертот е со почеток во 20 часот.
Покрај шпанскиот тенор, ќе настапат и Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.

И за утре во Скопје е најавен музички спектакл по повод 35 години од независноста на државата. На музичкиот хепенинг „Најдоброто од Македонија“ што ќе се одржи на платото пред Т-Арена („Борис Трајковски“), ќе настапат Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари. Организаторите најавуваат голема аудио-визуелна продукција и концертна атмосфера наменета за сите генерации. Концертот ќе почне во 20 часот и, исто така, е бесплатен.













