Најзначаен краткорочен ризик претставува можната повторна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
„Таквиот развој би можел да предизвика нов нагорен притисок и зголемена променливост кај цените на енергентите и другите примарни производи, нарушувања во синџирите на снабдување, продлабочување на инфлациските притисоци и забавување на светскиот економски раст“, велат од Народната банка.
Очекувањата се дека просечната стапка на инфлација годинава ќе изнесува 4%, по што постепено ќе забави на ниво од 3% во 2027 година.












