Доли Партон е погребана, соопшти нејзината внука, објави Би-Би-Си.
Легендарната пејачка имала приватен семеен погреб во Нешвил во петокот, по нејзината смрт на 80-годишна возраст. Таа е погребана покрај својот покоен сопруг, Карл Дин, на гробиштата и меморијалниот парк „Вудлон“ во Нешвил, во сојузната држава Тенеси.
Лејни Партон, ден по погребот, објави емотивна порака во која напиша: „Сè уште не ми се чини вистинито дека ја нема. Ќе ми недостига нејзиниот глас, нејзината смеа, нејзините прегратки и едноставно сознанието дека таа беше тука.“
Таа ја нарече Партон „баба“ и напиша: „Бидејќи таа немаше свои деца, секогаш правеше да се чувствуваме како да сме нејзини. Така нè сакаше и засекогаш ќе бидам благодарна за тоа.“
Таа им се заблагодари на сите кои испратиле пораки и цвеќе.
Во меѓувреме, гувернерот на Тенеси најави планови меѓународниот аеродром во Нешвил да го именува по Партон.
Доли Партон се соочуваше со постојани здравствени проблеми пред нејзината смрт на 80-годишна возраст. Веста за нејзината смрт дојде само неколку месеци откако Доли го откажа својот престој во Лас Вегас за да се опорави од разни заболувања, иако ги увери обожавателите дека сè е „излечиво“ во тоа време.












