Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исланд гласа дали повторно да ги почне преговорите за членство во ЕУ

/

Свет

Сподели преку :

Гласачите во Исланд гласаат денеска на референдум за да одлучат дали земјата треба да ги обнови одамна запрените преговори за членство во Европската унија.

Референдумското прашање на кое треба да одговорат околу 265.000 гласачи со право на глас е едноставно: Дали Исланд треба повторно да ги започне преговорите за пристапување во Европската унија?

Ако гласачите го одбијат предлогот, тоа би било конечна одлука, барем за една генерација. Противниците на членството укажуваат на опасноста што членството во ЕУ би ја претставувало за богатите рибни ресурси на Исланд, како и на фактот дека Исланд веќе ги користи придобивките од членството во европскиот единствен пазар без трговски бариери и од шенгенската зона за слободно патување.

Гласањето „за“ би значело започнување преговори со извршниот орган на ЕУ, Европската комисија, во 35 области – од економијата до човековите права.

Предвидувањата навестуваат тесна разлика меѓу гласовите „за“ и “против“, а околу 20 проценти од граѓаните на Исланд ја искористиле можноста за рано гласање.

„Она што се случува во ЕУ не ми се допаѓа. Тоа е како голем брод што гори. Мислам дека тие треба, знаете, прво да си ги средат работите пред ние да им се приклучиме. И мислам дека подобро ни е да останеме сами, да, со тоа што  е наше“ – вели Аугуст Халвардсон, жител на Исланд.

„Мислам дека прашањата што се важни би биле економски, но исто така, пред сè, одржувањето добри врски и добри односи со Европа е апсолутно најдоброто нешто што Исланд некогаш го направил и треба да продолжи во таа насока“ – тврди Хаукур Халсон, жител на Исланд.