Вести Економија

Вработените во „Солидарност“ цела плата ќе земат утре

Сто и двајцата вработени во виничкото комунално претпријатие Солидарност утре ќе ја добијат целата плата за мај. Раководството и синдикатот постигнале договор, а парите се обезбедени од тековното работење на комуналното претпријатие. Директорот, Александар Трајков вели дека исплатата на 100 те денари за мај била симболична, за да вработените не го изгубат здравственото осигурување. Појаснува дека платата доцни поради извршни решенија, а само во мај и јуни по оваа основа од сметката им се симнати 1,3 милиони денари

Претпријатие со години е во долгови, директорот Трајков прстот го вперува во претходните гарнитури на власт во Виница. Домаќинствата на ова претпријатие кое им испорачува, вода за пиење им го собира сметот должат 48 милиони денари, а голем дел од овие побарување се и застарени. Трајков работи на планот да се подобри наплатата, која во моментов е околу 74 проценти.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе