Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските женски филмски гласови наградени на фестивалот во Херцег Нови

/

Култура

Сподели преку :

Наградени се трите филмски остварувања во кои Македонија е еден од копродуцентите , прикажани во главната натпреварувачка конкуренција за долгометражни играни остварувања на 39-тиот Филмски фестивал во Херцег Нови, кој што заврши синоќа.

Филмот „17“ на режисерката Косара Митиќ, снимен по сценарио на Митиќ и хрватскиот сценарист и режисер , Огњен Свиличиќ , ја освои наградата „ Златна мимоза“ за најдобра режија.

Ова остваруање рамноправно ја подели наградата за режија со филмот „ Оче наш“, на режисерот Горан Станковиќ, кој што триумфира на ова фестивалско издание.

Во образложението на жирито се вели дека признанието рамноправно се доделува на два дебитантски филмови, на режисери кои во нивните остварувања ја покажуваат сета вештина, со различни и препознатливи режисерски стилови, кои успеваат низ филмската нарација да покажат голема емотивна сила.

Жирито работеше во состав: Алиса Сајмон, главна селекторка на филмскиот фестивал во Палм Спрингс, Елена Кристодолиду, претседателка на Извршниот одбор на Мрежата на кинематографии на Југоисточна Европа , актерот Себастијан Каваца, актерката Лилјана Благојевиќ и режисерот Драшко Ѓуровиќ.

Две специјални признанија освоија и филмовите: „Скејтбордингот не е за девојчиња“на режисерката Дина Дума, работен по сценарио на Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар- Митевска и филмот „ Мајка “ на режисерката Стругар- Митевска , снимен по нејзино и сценарио на Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ.

Покрај наградата за режија, филмот „ Оче наш“ на режисерот Горан Станковиќ освои Гранд При-Голема златна мимоза, за најдобар игран филм, плакета „ Зоран Живковиќ “ за најдобар филм, награда за најдобра машка улога- на Вучиќ Перовиќ и награда од филмската критика.

По церемонијата на врачување на сите награди на Канли кулата , беше прикажан филмот „Планина“ на Билјана Туторов и Петар Гломазиќ.

А, фестивалот кој одеше под мотото „ Сите бои на филмот“, заврши со забава на тврдината Форте маре, на која настапија „ Електрични оргазам“ и Аница Добра.

Сотир Трајков

Jumbo 2