Прв случај на западнонилска треска во Бугарија оваа година, објави Националниот центар за борба со заразни болести. Првиот случај со инфекцијата е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море.
Според здравствените власти, инфекцијата е официјално регистрирана помеѓу 17 и 23 август. Мажот побарал медицинска помош кон крајот на јули, кога бил прегледан од лекар поради болки во мускулите, кашлица и треска.
Една недела по првичниот преглед, неговата состојба барала хоспитализација поради тегоби слични на грип. Кон средината на август, болеста напредувала, што довело до појава на компликации и префрлање на пациентот на невролошки оддел за лекување.
Во Бугарија, според анализата на националниот Центар за борба со заразни болести, биле регистрирани вкупно 31 случај на болеста во 2025 година












