Американската морнарица ги отстрани или ги детонира сите мини во Ормускиот Теснец, виталната поморска рута што Иран ја затвори од почетокот на војната на Блискиот Исток, тврди претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Иран е известен дека секој брод или чамец кој поставува нови мини ќе биде веднаш и систематски уништен“, напиша Трамп во објава на неговата платформа Трут Сошл.
Тој притоа не објасни како е тоа сторено, засега нема реакција од Иран за најновите негови тврдења.












