Ковид19 Свет Топ вести

ЕУ предлага взаемно признавање на сертификатите за вакцинација со Русија

Европска Унија му предложи на руското Министерство за здравство да разговара за можноста за меѓусебно признавање на сертификатите за Ковид-19, вклучително и податоците за вакцинација, изјави денеска амбасадорот на ЕУ во Русија, Маркус Едерер.

Треба  да најдеме решение за нашите Ковид-сертификати. Вие знаете дека постои дигитален сертификат во ЕУ што им овозможува на граѓаните слободно да патуваат во рамките на заедницата, како и закон што овозможува да се изедначат овие сертификати. Во овој дух, испративме предлог до Министерството за здравство во Русија да разговараме дали Русија е заинтересирана за ваков процес, изјави европскиот дипломат.

Тој додаде дека постапката за сертификација на руската вакцина против Ковиод-19 Спутник В во ЕУ е целосно техничка и не треба да се политизира.

Ова е доверлива постапка. Таа е во тек и се нарекува тековен преглед, кој сега се прави за Спутник В. Убеден сум дека ќе заврши рационално и непристрасно, наведе Едерер.

Амбасадорот објасни дека европскиот дигитален сертификат вклучува податоци за вакцинација, прележување Ковид-19 и закрепнување, како и за ПЦР-тестови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Екс директорот на Царината Богоев излегува од притвор, Судот ја прифати гаранцијата од 55.000 евра

Дејан Дејан

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме- нов обид за Чебрен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе