Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Торнадо на југот на Франција – повредени 41 лице

/

Свет

Сподели преку :

Торнадо го погоди југот на Франција, пришто тешко настрада селото Помас во кое се повредени 41 лице, а стотици куќи се оштетени. Според локалните власти, 15 од повредените се хоспиталзиирани, меѓу кои и трудница врз која паднале делови од куќа. Над 120 припадници на Итните служби се излезени на терен за расчистување на последиците од ветрот кој дувал со брзина до 117 км./ч., оштетувајќи околу 300 домови.

Француските власти издадоа портокалов аларм за невреме со грмотевици за голем дел од југозападот на земјата. Поради екстремните временски услови, околу 2.800 домаќинства во 10 села се без електрична енергија.

Локалните власти на департманот Од во југозападниот дел од земјата ја откажаа третата етапа на велосипедската трка Вуелта, откако натпреварувачите беа присилени да побараат засолниште поради обилни врнежи од град на францускиот дел од Пиринеите. Невремето доведе до нарушување на авиосообраќајот и откажување на летови на аеродромите во Бордо, во Марсеј, во Ница и во Тулуз.