Вести Економија

Груби: Во договорот со Бехтел и Енка нема да има ниту „к“ од корупција, а конзорциумот е избран зошто беше најзаинтересиран

Во договоорт со Бехтел и Енка нема да има ниту „к“ од корупција, а конзорциумот е избран зошто беше најзаинтересиран од сите кои изразија интерес. Вака вицепремиерот Артан Груби, го правда изборот на американско-турскиот конзорциум за стратешки инвеститор кој треба да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10

Се одлучиле за директна согодба, а не за тендер бидејќи праксата покажала дека до сега на тендери се бирале фирми кои немале капацитет да ги спроведат. Вели сакаме да возиме по автопатите сега, а не кога ќе остариме. Не се плаши дека ќе заврши како екс-функционерите од претходната влада, кои за зделката со кинески Синохидро заработија обвинение од СЈО за финансиска злоупотреба од над 155 милиони евра. Вели сега зад нив стои законот во собранието кој  доби амин и од власта и од опозицијата.

Но, законот  уште не донесен веќе има најави дека  ќе биде оспорен пред Уставен суд. Прво од Антикорупциска која тврди дека во него има висок ризик од корупција. А потоа и од ССМ доколку не се избрише член 12 со кој  се дозволува на Бехтел и Енка да ги ангажираат работниците и по 60 часа неделно.

Груби вели во законскиот предлог има отстапки да не важи домашната регулатива, за да нема кочници за инвеститорот. Ќе се гради 24 часа 7 дена во неделата, а работниицте сами ќе одлучат дали ќе работата 60 часа неделно. И порача на Антикорупциска да не ја презема улогата на Уставниот суд и пред време да суди. Тврди преговорите ќе бидат транспарентни, а ќе почнат до крајот на месецов, откако пратениците ќе го донест законот во Собрание. Конзорциумот гарантирал дека автопатите по принципот клуч на рака ќе бидат готови до 2025 година. Иако не се знае финаннсиката конструкција,  Груби тврди дека добиле гаранции дека по километар  ќе чинат помалку од кинеските автопати.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе