Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ: Парламентарните избори во Србија на 18 или 25 октомври

/

Свет

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 18 или 25 октомври и додаде дека конечната одлука ќе биде позната за неколку дена.

„Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври“, рече Вучиќ во гостување во „Дневник 2“ на Радио Телевизија Србија.

Тој истакна дека претходно најавил дека изборите ќе се одржат кон крајот на октомври.