Синдикална минимална кошница за месец август изнесува 68.675 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија.
Доколку се направи споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година која изнесува 68.498 денари се забележува зголемување 177 денари.
Според податоците на ССМ со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август за да се преживее еден месец во државата потребни се минимум 84 илјади и 50 денари. На едно четиричлено семејство му се потребни повеќе од 25 илјади за храна и пијалоци, околу 6.500 за облека и обувки и речиси исто за вода, струја и греење.
Според синдикалната кошничка едно четиричлено семејство во месецот троши околу 2.600 денари за средства за лична хигиена.













