Свет Топ вести

Застрелан познат холандски новинар

Во центарот на Амстердам, вчеравечер е застрелан познатиот новинар Петер Де Врис.

Тој се наоѓа во животна опасност, јавуваат холандските медиуми. 64-годишниот Де Врис, бил нападнат во моментот кога го напуштал студиото на телевизија РТЛ, каде бил на дебатна емисија.

Сведоци тврдат дека кон него се пукало неколкупати.

Новинарот е пренесен во болница со рана на главата, поради што се наоѓа во сериозна состојба и се бори за живот.

Полицијата уапсила тројца осомничени, а меѓу нив можно е и да е напаѓачот.

Мотивот не се знае, но формирана е специјална комисија за истражување на случајот.

Обидот за убиство на познатиот холандски репортер ја шокираше Холандија.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека нападот е „напад врз слободното новинарство“.

Новинарот во моментов е лице од доверба на крунски сведок во голем судски процес против организираниот криминал.

Тој е познат и во меѓународни рамки со своите извештаи за различни злосторства. Беше редовен гостин во телевизиски емисии.

Во меѓународни рамки стана познат во 1987 година со својот бестселер за киднапирањето на познатиот производител на пиво Фреди Хајнекен.

2008-та година ја доби наградата ЕМИ за своите репортажи за случајот на Натали Холовеј.

Американката исчезна во 2005 година на Аруба и се смета дека е најверојатно убиена од страна на холанѓанец.

Билјана Николова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Марта Кос: Ниту една земја кандидат за членство во ЕУ досега нема добиено, ниту пак може да добие гаранции за евентуален нов билатерален спор

Дејан Дејан

На тепачите од Ченто кои нападнаа малолетник одземени им се пасошите и забрането им е да го напуштaт домот

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе