Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битиќи: Членот 12 од законот за стратешкиот инвеститор “Бехтел и Енка” дава можност за одредени развојни стандарди

/

Економија

Сподели преку :

Никаде во светот не се работи на градилиште од 7 до 15 часот, а за изградба на инфраструктура не може да биде законски нормалното работно време кај нас од 40 часа неделно.

Ова е одговорот на вицепремиерот Фатмир Битиќи на прашањето зошто на стратешкиот инвеститор Бехтел и Енка преку специјален закон во собрание му се дава право работниците на автопатите од коридорите 8 и 10 да ги ангажира 60 часа неделно.

Битиќи вели дека законот е само рамка во која се даваат можности, а конечниот договор и деталите ќе се прецизираат кога договорот ќе го потпише владата.

Вчера реагираше сојузот на синдикатите и побара да биде избришан спорниот член 12 од специјалниот закон, со кој на инвеститорот му се дава право работниците за изградба на автопатите да ги ангажира 60 часа неделно.