Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Епидемијата на ебола во Конго руши црни рекорди, над 2.300 смртни случаи

/

Свет

Сподели преку :

2.325 смртни случаи и околу 5.000 заразени од ебола во Конго. Ова е најсмртоносната епидемија во историјата на земјата. Овој број на смртни случаи е достигнат речиси три пати побрзо отколку во епидемијата на ебола во Западна Африка во 2014-16 година.

За здравствените агенции на терен во Конго оваа мрачна пресвртница не е изненадување.

Без одобрени вакцини, здравствените работници во голема мера се потпираат на рана дијагноза, третман и контрола на инфекциите. Епидемијата ги става и децата во посебен ризик, тие се најбројни меѓу заразените.

  • „Кога започна еболата, мислам дека беше доцна во идентификувањето на епидемијата, бидејќи системот за надзор е навистина нефункционален поради конфликтот во таа област. Затоа не сме изненадени. Исто така, би рекол дека ова се официјални бројки, но вистинските бројки може да бидат дури и поголеми од тоа. Значи, сите ние, кога започна оваа епидемија, рековме дека ова ќе ги надмине сите други епидемии во Африка“, изјави д-р Маненџи Мангунду, директор на организацијата за развој Оксфам за ДРК.

Епидемијата се случува во време на штрајкови на здравствените работници, закани од бунтовнички групи, гнев од долготрауматизирани заедници и дезинформации кои тврдат дека еболата не е вистинска.

  • „Немаме вакцина за распоредување, се тестираат работи, но не сме на местото каде што сме одобриле работи за употреба и тоа очигледно го прави тешко. Всушност, само се обидувате да ги однесете луѓето во центри за третман за да не инфицираат други луѓе и, се разбира, вие знаете, поддржувајќи ги со поддржувачка нега и кога се во тие центри, знаете, тие имаат многу поголеми шанси за преживување. Но, сепак гледаме стапки на смртност кои се многу загрижувачки. Знаете, податоците секогаш се малку несигурни, но веројатно околу 45%, што значи, знаете, близу половина од луѓето кои се заразени што ги евидентиравме умираат“, истакна портпаролот на УНИЦЕФ, Џон Џејмс.

За агенциите за помош, контролирањето на епидемијата зависи од освојувањето на довербата и соработката на локалните заедници.