Три лица загинаа во пад на приватен хеликоптер на грчкиот остров Сифнос по што се запали, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција, телата на трите жртви биле откриени при гаснење на пожарот биле откриени трите тела, а нивниот идентитет засега е непознат.
Хеликоптерот паднал во близина на хелиодромот во северниот дел на островот околу 18:17 часот, по што интервенираат двајца пожарникари со едно возило, а од островот Сирос на Сифнос пристигнува спасувачки тим. Според неофицијалните иноформации, станува збор за хеликоптер од приватна компанија која работи со авио-такси превоз.
Сифнос е дел од Кикладските острови и се наоѓа во јужниот дел на Егејското море:












