Најмалку 14 лица загинаа откако земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер ја погоди Индонезија, соопштија властите. Според локалните медиуми оваа бројка е прелиминарна и најверојатно ќе се зголеми.
Голем број на згради се уништени или оштетени по земјотресот и бројните афтершокови, од кои најсилниот достигна 6,1 степен според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил на островот Флорес на длабочина од само 15 километри.












