Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сплит отворa засолништa, евакуирани речиси 1.000 луѓе

/

Свет

Сподели преку :

Голем шумски пожар што избувна во четвртокот вечерта кај Локва Рогозница, Хрватска, брзо се прошири кон Омиш поради силниот ветер и исклучително сувото време.

Огнот стигна и до подрачја во близина на центарот на градот, при што се оштетени или уништени куќи, автомобили и друг имот.

Стотици жители и туристи беа евакуирани од загрозените подрачја. Во пожарот се повредени најмалку 36 лица, од кои 14 се хоспитализирани, а седум, според досегашните информации, се во животна опасност.

Стотици пожарникари, со поддршка од противпожарни авиони, цела ноќ се бореа со огнената стихија.

До петокот наутро делови од пожарот беа ставени под контрола, но екипите продолжија со гаснење и обезбедување на погоденото подрачје.

(Фотогалерија) Четиринаесет лица во болница, 10 на Интензивна, седум се борат за живот – последици од големиот пожар кај Омиш во Хрватска

Триесет и шест лица побарале лекарска помош, 14 се хоспитализирани, 10 се сместени на Интензивна нега, меѓу кои и 17-годишно момче, а седум се наоѓаат во животно загрозувачка состојба, информираат од Клиничката болница во Сплит.   Според хрватското за море, сообраќај и инфраструктура, десетици луѓе, меѓу кои и деца, се спасени од морето на брегот… Продолжи со читање

telma.com.mk