Иако 14% од средствата од третиот сет антикризни мерки од Владата беа за плати во текстилната индустрија, проблемите во оваа дејност од пред пандемијата дополнително дошле до израз. Од 10 општини со текстилни компании, само две поддржале намалување на фирмарината за оваа година. Платите драстично се зголемиле со отпуштања на пониско платените работници, невработеноста пораснала за 128%, а се намалил и извозот.
За 2020 година нето извозот во текстилната индустрија, според податоците на Државниот завод за статистика е од околу минус 950 милиони денари, изјави Виктор Стојкоски-ЗМАИ
На бремените, жените со деца од 10 години и хронично болните, им се кршеле работничките права со злоупотреби на договорите за вработување и неисплаќање на минималната плата. А, надлежните не реагирале.
Имаме една кривична постапка , поведена со овој проект и истата стои во ЈО во Делчево и не се процесуира од ноември, минатата година. Исто, мислам дека требаше многу да зборуваме , пропуштивме огромен период за дури во ноември да гледаме дека има координирани акции од УЈП. Исто ОЈО во Скопје, каде што беа предадени случаите уште лани во август, вели Кристина Ампева- „ Гласен текстилец“
Од Државниот трудов инспекторат извршиле повеќе надзори на терен, утврдени се слабости, а издадени решенија на работодавачите.
Сотир Трајков