Вулканот Етна на Сицилија продолжи да еруптира во текот на ноќта, исфрлајќи лава и големи количини пепел и чад.

На видеоматеријалите објавени на дел од светските медиуми се гледаат големи текови на лава кои се спуштаат по падините на вулканот.
Поради пепелта, која претставува опасност за авионскиот сообраќај, аеродромот во Катанија го продолжи ограничувањето на полетувањата до 15 август во 2 часот по локално време.

Според италијанската агенција АНСА, од 8 август досега се откажани околу 700 летови. Во овој период аеродромот вообичаено го користат околу 40.000 патници, а стотици од нив останале заглавени и бараат алтернативни начини за продолжување на патувањето, меѓу кои и автобуски превоз.

Ерупциите на Етна, најголемиот активен вулкан во Европа, засега не покажуваат знаци на смирување.












