Хрватските медиуми пренесуваат дека претпладнево избил пожар и на полуостровот Пелешац. Според пожарникарите на терен, ситуацијата е прилично сериозна.
„Слободна Далмација“ објави дека е изгорена црква во местото Потомје. Огнот се приближил и до куќите кои засега ги бранат големи пожарникарски екипи на копно, а се дејствува и од воздух. Гаснењето на пожарот, како што објави Индекс, го отежнува силниот ветар кој често го менува правецот.
Државниоит автопат е затворен за сообраќај, со цел да се обезбеди простор за проток на противпожарните возила и непречено интервенирање.












