САД во моментов ја преиспитуваат својата нуклеарна стратегија, изјави заменик-министерот за одбрана Елбриџ Колби. Тој оцени дека станува збор за ограничено преиспитување, насочено кон специфични сценарија за потенцијална употреба на нуклеарно оружје.
Колби нагласи дека целта е да се зачуваат одвраќањето и стабилноста, додека американската војска се пренасочува кон посилна одбранбена функција и заштита на територијалниот интегритет на сојузниците.
Според американски медиуми, новата стратегија би можела да опфати и употреба на тактичко нуклеарно оружје со краток дострел во случај на регионален конфликт со Кина или Русија, особено доколку бидат загрозени или нападнати американски сојузници.












