Свет Топ вести

28 мртви, се урна руски авион на полуостровот Камчатка

Нема преживеани при падот на рускиот авион што денеска се урна на рускиот Далечен исток, објавија руските новински агенции, повикувајќи се на спасувачките служби.

Авионот „Антонов Ан-26“, со 28 лица, кој летал на релација од главниот град на регионот Петропавловск – Камчатски до Палана, место на север на полуостровот Камчатка, изгубил контакт со контролата на летање, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Повикувајќи се на официјални извори, Интерфакс објави дека авионот удрил во рид додека се подготвувал да слета во лоши услови на видливост.

Руските власти задолжени за цивилната авијација објавија дека местото на несреќата е пронајдено и спасувачките екипи пристигнале.

Министерството соопшти дека во авионот имало 22 патници и шест членови на екипажот. Меѓу патниците била и градоначалничката на Палана, Олга Мохирева, јави агенцијата ТААС, повикувајќи се на локални извори.

Времето во тоа подрачје за време на исчезнувањето на авионот било облачно, соопштија руските агенции додавајќи дека авионот се користи од 1982 година.

Безбедносната состојба на руската цивилна авијација е подобрена во последниве години, но авионските несреќи, особено со авини од постаро производство, кои се користат во оддалечените региони на земјата, се релативно чести.

„Антонов-28“, ист тип на авион, се урна во 2012 година во шумите на Камчатка, летајќи на истата рута. Во несреќата тогаш загинаа десет лица, а истражителите објавија дека двајцата пилоти за време на несреќата биле пијани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Where are you“ za итни ситуации и „Silent Call“ за жртви на семејно насилство, најави првиот човек на ЦУК

Sasko Dimovski

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе