Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20°C, а максимумот од 29 до 35°C.
Информација од ова утро 13.8.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
29 Дојран, 27 Кавадарци, Гевгелија, Велес, 25 Виница, Скопје, Струмица, Демир Капија, Радовиш, 24 Штип, Прилеп, Охрид, 23 Куманово, Тетово, 22 Битола, Пожаране, Претор, 21 Крушево, Дебар, 19 Крива Паланка, 16 Берово.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Преспанско Езеро 24.5, Охридско Езеро 24.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]












