Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затемнувањето на сонцето го замрачи небото над Европа

/

Свет

Сподели преку :

Затемнувањето на сонцето го достигна својот врв над Велика Британија, при што во голем дел од земјата Месечината покри повеќе од 90 отсто од најблиската ѕвезда до планетата земја.

Феноменот беше видлив и во други делови на Европа, а целосното затемнување беше забележано на Исланд и во делови од Шпанија.

Илјадници граѓани низ Европа го следеа спектакуларниот природен феномен, со голем интерес со специјалните очила и телескопите.

Природниот феномен го следеа и научници, меѓу кои и група ирски истражувачи кои го набљудуваа со цел да ја проучуваат сончевата корона.