Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Палестински семејства под опсада во Западниот Брег

/

Свет

Сподели преку :

Две палестински семејства во селото Кусра, во близина на Наблус, веќе неколку дена се блокирани во своите домови од израелски доселеници. Според нивните сведоштва, им биле прекинати снабдувањето со вода и електрична енергија, а остануваат и без залихи со храна.

Во домовите се наоѓаат седум лица, меѓу кои и две деца.

Случајот предизвика реакции од организации за човекови права и Обединетите нации. Израелските безбедносни сили се судрија со група доселеници и употребија солзавец и шок-бомби, додека израелската армија соопшти дека воспоставувањето на новата населба и преземањето палестински домови се незаконски и неприфатливи.

До семејствата вчера конечно стигнала палестинска амбуланта, која доставила храна и однела едно дете на медицински преглед.

Случувањата во Кусра се дел од пошироката ескалација на насилството во Западниот Брег.

Според податоците на ОН, во 2026 година околу 3.800 Палестинци биле раселени поради насилство од доселеници, уривање објекти и иселувања, при што речиси половина се деца.

Висок претставник на ОН предупреди дека состојбата во Западниот Брег е „на точка на кршење“.