Централната банка ќе ги преземе сите мерки за да се задржи ценовната стабилност, уверува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Вели дека будно ги следат сите движења околу инфлацијата и доколку има потреба, соодветно ќе реагираат. Гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ повика на внимателност и да се следат движењата на инфлацијата во третиот и четвртиот квартал од годинава кои ќе бидат најдобар показател дали моменталните ценовни движења се привремени. Тој препорачува и земјите да го намалуваат јавниот долг, за да бидат подготвени за нова криза. Гувернерите потпишаа меморандум за продлабочување на соработката меѓу двете централни банки.
Бежоска: Народната банка ќе ги преземе сите мерки за да се задржи ценовната стабилност
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.