Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран: Ормутскиот Теснец останува затворен без договор со САД

/

Свет

Сподели преку :

Иран порача дека Ормутскиот Теснец ќе остане затворен сè додека САД не го променат својот однос и не ги прифатат условите на Техеран за завршување на конфликтот. Новоименуваниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, изјави дека Иран бара прекин на војната, ослободување на замрзнатите ирански средства и завршување на конфликтот во целиот регион, вклучително и во Либан и Газа.

Изјавата ги зголеми неизвесноста и загриженоста околу иднината на клучниот поморски коридор, низ кој пред војната минуваше околу една петтина од светската трговија со нафта и течен природен гас.

Цените на нафтата повторно пораснаа поради стравувањата дека Теснецот ќе остане затворен, и покрај посредничките напори на Оман, Пакистан и Катар за постигнување договор.

Mеѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Вашингтон ќе бара Иран да плати отштета за штетите предизвикани во изминатите децении и повторно предупреди дека САД разгледуваат различни опции за притисок врз Техеран.

Дополнително, нови инциденти со бродови во Црвеното Море и Оманскиот Залив ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај.