Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикатот на култура и министерот Сулејмани договорија работни групи за колективниот договор и за Законот за култура

/

Култура

Сподели преку :

Претставници на Синдикатот на култура и претседателката на СКРМ Вера Атанасовска денеска се сретнаа со новиот министерот за култура и туризам Седат Сулејмани. На средбата,  како што известија од Министерството за култура било договорено да се формираат две работни групи за колективниот договор и за Законот за култура, во кои ќе бидат вклучени претставници на СКРМ и Министерството.

На средбата била изразена заедничка волја за отворен и конструктивен дијалог за сите прашања важни за вработените во културата – наведуваат од Министерството и најавуваат редовен и конструктивен дијалог со културните работници.

Културните работници и уметниците изминатите месеци на протести го изразија незадоволството поради започнатата постапка на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на колективниот договор за култура, дополнително и поради пресметките на платите кои, како што велат, им се скратени за 6 проценти изминатите две години.

Сулејмани, само неколку дена по изборот за министер рече дека спорот меѓу ресорното министерство и Синдикатот за култура околу Колективниот договор за култура може да се надмине со Законот за култура, но не кажа детали.

Досега од Синдикатот за култура не се согласуваа методологијата за пресметка на платите за вработените во националните установи да се регулира преку Законот за култура и сметаа дека ваков предлог би бил спротивен на Уставот и законите. За нив беше прифатливо методологијата и пресметките на платите да бидат преку Колективниот договор, а покачувањата да се регулираат преку Законот за култура.

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Новиот министер за култура и туризам Седат Сулејмани , излезот од спорот меѓу ресорното министерство и Синдикатот за култура околу Колективниот договор за култура го гледа во Законот за култура. На новинарско прашање, дали ќе оствари средба со СКРМ за надминување на проблемот, Сулејмани денеска од Тетово порача дека му е трет ден на функцијата,… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2