Бројот на жртви во земјотресот во Колумбија се зголеми на 224, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти. Спасувачките операции и натаму се во тек и се очекува бројот на жртви дополнително да се зголеми.
Потресот со магнитуда од 7,4 ја погоди Колумбија вчераутро. Епицентарот беше кај Сан Хозе дел Палмара во департманот Чоко на длабочина од 103 километри.












