Иран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормутскиот Теснец и во моментов разгледуваат одредени технички прашања, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Техеран истовремено порача дека преминот низ овој стратешки пловен пат ќе биде овозможен под услови што ги поставува Иран.
Тој оцени дека јужниот правец на пловидба низ протокот е „незаконски и небезбеден“ и дека е во спротивност со меморандумот за разбирање што Иран и САД го потпишаа во јуни.
Според него, прашањето за отстранување на мините ги засега Иран и Оман како две држави кои излегуваат на Ормутскиот Теснец.
Според него ќе бидат воспоставени механизми за надзор на пловидбата и обезбедување услуги на тој витален пловен пат.
– Природно е за тоа да се наплаќаат надоместоци – изјавува Багеи.
Тој исто така истакна дека Ормутскиот Теснец нема да биде безбеден пловен пат сè додека трае, како што рече, американската политичка и поморска блокада, наведувајќи дека Иран е во воена состојба сè додека трае она што тој го нарече „агресивна американска поморска блокада“.












