Најмалку 18 лица ги загубија животите во силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, кој предизвика и значителна материјална штета во западниот дел на јужноамериканската држава Колумбија. Голем број згради се урнати или претрпеле штета, додека локалните медиуми јавуваат дека има луѓе заглавено под урнатините.
Властите ги евакуираат оштетените згради, додека не спроведат проценка на штетите и опасноста од афтершокови. Земјотресот бил почувствуван низ целата држава, но и во соседните Еквадор и Панама.
Земјотресот ја погоди Колумбија помалку од два месеци по двата силни земјотреси кои предизвикаа огромна штета во Венецуела, и во кои загинаа повеќе од 6.100 луѓе.












