Тајфунот „Делфин“ во неделата вечерта стигна до копното во источна Кина, носејќи силни ветрови и обилни врнежи. Бурата го погоди градот Тајџоу во провинцијата Џеџијанг, со ветрови од околу 151 километар на час.

Поради невремето, повеќе од 300.000 луѓе превентивно беа евакуирани, додека аеродромите во Шангај откажаа повеќе од 1.300 летови. Во провинцијата Џеџијанг се прекинати и сите активности на вода, вклучително и траектите и крстарењата.

Метеоролозите предупредуваат на опасност од поплави и свлечишта, со прогноза за меѓу 200 и 400 милиметри дожд во наредните денови. Силните врнежи претходно го погодија и северниот дел на Тајван.












