Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да започне нова голема воена офанзива. Тој оцени дека преговорите меѓу двете земји се одвиваат „со половина сили“.

Трамп рече дека Иран се соочува со сериозна економска криза, висока инфлација и недостиг на средства. Според него, американскиот притисок дополнително ја влошил економската состојба на Техеран.

Американскиот претседател истакна дека засега сака да ги намали тензиите и да продолжи со притисокот преку економски мерки. Тој преговорите со Иран ги опиша како „игра шах“ и порача дека ситуацијата ќе заврши на посакуваниот начин.