Најмалку пет лица загинаа, а 25 се повредени, меѓу кои и четиригодишно дете, во украински напади со дронови врз рускиот пограничен регион Белгород. Оштетени се 29 станбени згради, пет приватни куќи и повеќе административни и комерцијални објекти.
Рускиот Истражен комитет соопшти дека покренал кривична постапка за терористички акт. Портпаролката Светлана Петренко изјави дека биле нападнати цивилни цели, вклучително и станбени и административни објекти.

– Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка во врска со терористички акт по нападот врз Белгород од страна на украински вооружени формации. На 9 август (2026 година), украинските вооружени формации користеа беспилотни летала за да нападнат цивилни цели во Белгород, вклучувајќи станбени згради, неколку административни згради и објекти за социјална инфраструктура. Нападот резултираше со жртви и повреди, а меѓу повредените има и деца, информира Светлана Петренко, портпаролка на Рускиот истражен комитет.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 153 украински дронови над различни подрачја, меѓу кои и над Крим, Црното и Азовското Море.












