Пожарникари, војска и три воени хеликоптери се борат со големиот пожар што од вчера попладне беснее на планината Круја, околу 38 километри северно од Тирана. Тешкиот терен го отежнува пристапот, па гаснењето се одвива и од воздух.

Поради ширењето на огнот кон населените места, во текот на ноќта биле евакуирани жители од областа Барабит-Љубан, во општина Круја. Надлежните продолжуваат со активности за ставање на пожарот под контрола.

Полицијата уапсила маж осомничен дека го предизвикал пожарот откако запалил сува трева во близина на својот дом.

Според полицијата, огнот брзо се проширил поради силниот ветер и стигнал до планината Круја, загрозувајќи ги околните населени места.












