Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 21°C, а максимумот од 33 до 39°C.
Информација од ова утро 9.8.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
30 Гевгелија, 28 Кавадарци, Демир Капија, 27 Скопје, 26 Велес, Виница, 24 Струмица, Штип, 23 Куманово, Прилеп, 22 Тетово, Битола, Претор, Пожаране, 21 Крушево, Крива Паланка, 20 Берово, 19 Маврови Анови.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]












