Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руски ракетни напади на Киев тројца убиени меѓу нив и дете

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, се убиени во руските ракетни напади во близина на украинскиот главен град Киев, соопштија локалните власти. Уште три лица се повредени откако балистички ракети погодиле области источно од Киев, а противпожарните екипи интервенирале на повеќе локации зафатени од пожари.

Нападот се случува само неколку дена откако во руските удари загинаа 21 лице.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно побара од САД дополнителни ракети-пресретнувачи „Патриот“, предупредувајќи дека залихите што ги добива Украина не се доволни за одбрана на воздушниот простор.

Меѓувреме, Украина продолжува со напади врз цели длабоко на руска територија. Украинскиот Генералштаб соопшти дека во текот на ноќта биле погодени рафинериите Илски и Сизран, каде избувнале пожари.