Патнички и товарен воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец, во близина на хрватскиот град Крижевци. Според Министерството за здравство, шест патници се тешко повредени, а 13 се здобиле со полесни повреди.
Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. Повредените биле згрижени во болниците во Бјеловар и Копривница, а дел од нив, меѓу кои и тешко повредените, биле префрлени во болници во Загреб.
Нема пријавено загинати.
Причината за несреќата засега не е позната и се утврдува со истрага.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека најважно е што нема жртви и дека истрагата треба да покаже како дошло до судирот.












