Пратеници од опозицијата фрлаа јајца кон вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, за време на парламентарна седница во Приштина. Седницата беше свикана за конституирање на парламентот по предвремените избори од 7 јуни.

Инцидентот се случи откако Курти побара од претседателот на Собранието дополнително време за преговори со опозициските партии за постигнување политички договор. Барањето беше одобрено.

Седницата ја свика победничката партија Самоопределување, и покрај противењето на опозицијата и дел од експертите за уставно право.

Тие тврдат дека рокот од 30 дена за конституирање на парламентот, определен од Уставниот суд, истекол во петокот.












