Вести Економија

Американско-турски конзорциум без тендер ќе ги гради автопатите од Коридор 8 и 10

Ниту опозицијата, ниту власта немаа забелешки Американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10 без тендер, со директна спогодба со Владата. Предлог- законот потпишан од  група пратеници кој се носи по скратена постапка, експресно доби зелено светло на Комисијата за финансирање и буџет и ќе биде испратен на гласање пред пратениците на пленарна седница. За предлагачите законот со кој се дава амин на Владата да преговара и да склучи договор со американско-турскиот конзорциум  е добар. Сметаат дека  со изградбата на автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола,земјава ќе добие стратешко поврзување со Европа и регионот.

Предлог законот доби 4 амандмани кои ги поднесе пратеникот од ВМРО-Народна партија Љупчо Балковски, кои не беа прифатени.Тој побара во предлог законот да влезе Бехтел и Енка покрај овие да  градат и други неиззградени автопати во земјава. Предложи и изградбата да биде по пат на концесија чиј рок ќе го утврди владата,  бидејќи смета дека ќе  чинат и над 1 милијарда евра, пари кои ќе треба да се обезбедуваат од кредити.

Владата веќе склучи меморандум за соработка со Бехтел и Енка, но со предлог законот во собрание се дава амин таа да преговара и да склучи договор без тендер со конзорциумот. На предложеното законско решение жестоко реагираше Антикорупциска. Комисијата му укажа на Собранието да не го донесе предлог-законот, бидејќи има  висок ризик од корупција. Најавија дека ако пратениците  го изгласаат –  тие  ќе го оспорат пред  Уставен суд. Спорно за ние е и тоа што во предлогот стои дека Бехтел и Енка иако треба да се и проектанти и изведувачи, нема да одговараат за грешки на проектантот. А уште поспорно е што стои дека делуумно или целосно нема да важи домашното законодавство.

Инаку ова е втор закон за изградба на автопати со директна спогодба без тендр кој го аминува собранието. во 2013 донесе посебен закон за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид со кинескиот партнер Синохидро. Државната зделка со кинезите заврши со обвинение од СЈО за поранешниот премир Никола Груевски и вицепремиерот Пешевски за финансиска проневера од 155 милиони евра.

 

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе