Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дрон навлезе во бугарскиот воздушен простор и експлодираше во близина на границата со Романија

/

Свет

Сподели преку :

Дрон навлезе во бугарскиот воздушен простор и експлодираше на околу 100 метри од романската граница.

Дронот паднал во нива со сончоглед во непосредна близина на поранешниот граничен премин Кардам меѓу Бугарија и Романија – областа е блокирана, нема жртви или штети врз луѓе или инфраструктура.

„Бучава од овој дрон е регистрирана од страна на Граничната полиција во Романија, а потоа гласна експлозија слушнал одредот на граничната полиција во Генерал Тошево, кој се наоѓа во оваа област. Локацијата на експлозијата на дронот веднаш е идентификувана, а единици на Граничната полиција, Националната полиција и Министерството за одбрана моментално се таму, утврдувајќи го  тип“, изјави бугарскиот премир Румен Радев.

Тој нагласи дека дронот не е откриен во романскиот ниту во бугарскиот воздушен простор. Исто така, немало информации од Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, кој го следи воздушниот простор низ цела Јужна Европа.

Според Радев, по овој инцидент, силите на граничната полиција и ресурсите за откривање и борба против беспилотни летала ќе бидат прераспоредени од границата со Турција кон границата со Романија.

На прашањето дали дронот бил цивилен или воен, Радев одговори дека има фотографски материјал, но бидејќи бил оштетен од експлозијата, не е можно да се каже за каков тип дрон станува збор. Ова не е играчка дрон, туку поголем дрон, прецизираше тој.

Радев објасни дека причината зошто дронот не бил откриен во воздушниот простор на Бугарија и Романија е тоа што овие дронови тешко се откриваат поради нивната мала големина и кога летаат на мала надморска височина, не може да се обезбеди  радарска покриеност.