Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Први фотографии од нападот во Ајдахо

/

Свет

Сподели преку :

Американската полиција објави фотографии од безбедносните камери на кои се гледа вооружениот напад во ресторан на синџирот „In-N-Out Burger“ во градот Твин Фолс, сојузната држава Ајдахо.

Во нападот, што се случи минатата сабота, загинаа три лица, седуммина беа повредени, а напаѓачот, 24-годишниот Чад Вилијамс, потоа си го одзеде животот.

Според полицијата, напаѓачот повеќепати пукал низ прозорецот за услуга на возила, при што смртно била застрелана една вработена.

Другите две жртви биле убиени пред ресторанот и на блискиот паркинг.

Истражителите соопштија дека засега не е утврден мотивот за нападот.

Началникот на полицијата во Твин Фолс, Метју Хикс, ја пофали храброста на поранешниот полицаец А. Џеј Џејмс, кој, иако бил ранет, се обидел да го запре напаѓачот.

Ресторанот „In-N-Out Burger“ бил отворен само еден месец претходно, како дел од проширувањето на синџирот во сојузната држава Ајдахо.