Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски пристигна во Србија

/

Свет

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Белград, што е негова прва официјална посета на Србија откако е на чело на Украина. На аеродромот го пречека српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

За време на дводневната посета, Зеленски ќе има средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут.

Во фокусот на разговорите ќе бидат економската соработка, евроинтеграциите, енергетиката, безбедносните прашања и можностите за продлабочување на билатералните односи.

Посетата се одржува во период кога Србија настојува да ги одржи добрите односи со Русија, но и да го продолжи процесот на приближување кон Европската Унија.

Белград ја поддржува територијалната целовитост на Украина, но и натаму не се приклучува на санкциите против Русија.