Град Скопје најави дека во вторник, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Акцијата е дел од редовните мерки за намалување на бројот на комарци и спречување на нивното размножување.
Доколку временските услови не дозволат безбедно спроведување на прскањето, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни услови, во истиот временски термин.
Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на авионската дезинсекција.

Новозаболените од западнонилска треска се од Скопје – од општините Кисела Вода, Гази Баба, Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година… Продолжи со читање













