Истражувачи во САД за првпат успешно ја користеа вештачката интелигенција за дизајнирање на целосно нови вирусни геноми кои подоцна покажаа способност за размножување во лабораториски услови.
Според нив, создадени се 16 нови вируси кои инфицираат исклучиво бактерии и не претставуваат опасност за луѓето, пренесува „Би-Би-Си“.
Научниците оценуваат дека станува збор за голем чекор во синтетичката биологија што би можел да отвори нови можности во лекување на болести, но стручњаците воено предупредуваат и на потенцијални безбедносни ризици.
„Ова е наредно ниво на сложеност кое генеративната вештачка интелигенција може да го дизајнира. За првпат е користена за создавање на комплетен геном кој може да се реплицира и да извршува функции во внатрешноста на ќелиите“, изјави Брајан Хи, вонреден професор на Универзитетот Станфорд, за „Би-Би-Си“.
Тимот од Универзитетот Станфорд одбра 302 нејперспективни дизајни што ги генерира вештачката интелигенција и ги произведе во лабораторија. Шеснаесет од нив покажале способност за уништување на бактеријата ешерихија коли. Научниците сметаат дека таквата технологија може да придонесе во развојот на нови облици на лекување на бактериски инфекции кои станале отпорни на антибиотици.
Стручњаците, сепак, предупредуваат дека истите алатки отвораат прашања за биолошката безбедност, бидејќи во иднина би можеле да паднат во раце на биотерористи и да се користат за создавање на опасни организми.












