Либански и израелски претставници се сретнаа во американската амбасада во Рим на нова рунда разговори за спроведување на договорот постигнат во јуни.
Главна тема е повлекувањето на израелските сили од делови на јужен Либан, во замена за разоружување на Хезболах.
Ова е седма рунда преговори, според кои либанската армија треба да ја преземе контролата во јужниот дел на земјата и да работи на разоружување на Хезболах, вооружената група поддржана од Иран.
Планот предвидува прво воспоставување на неколку пробни зони каде израелските сили би се повлекле и би ја предале контролата на либанската војска.
Договорот се одвива во услови на тензии по последната војна меѓу Израел и Хезболах.
Додека Израел инсистира на спроведување на безбедносните мерки, Хезболах се спротивставува на директните разговори меѓу Либан и Израел.












