Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина изврши напади врз руски рафинерии со дронови

/

Свет

Сподели преку :

Украинската војска изврши напади со беспилотни летала врз две руски нафтени рафинерии во регионите Башкортостан и Јарослављ, соопшти претседателот Володимир Зеленски. Во Јарослављ бил забележан голем облак црн чад над рафинеријата по ударите.

Локалните руски власти соопштија дека биле соборени десетици украински дронови, но дека дел од објектите за складирање на нафта биле погодени од остатоци.

Русија тврди дека пресретнала повеќе од 600 беспилотни летала во неколку региони.

Mеѓувреме, руските напади продолжуваат врз Украина. Во градот Суми, според украинските власти, најмалку 12 лица се повредени по напад врз цивилна инфраструктура и станбени објекти.