Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Можеби ќе мора повторно да ги зголемиме цените на нафтата

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека цените на нафтата и горивата ќе продолжат да паѓаат по завршувањето на конфликтот со Иран, но додаде дека Вашингтон „можеби ќе мора повторно да ги зголеми“, без да објасни што точно подразбира под тоа.

Говорејќи во Лас Вегас, Трамп рече дека цената на нафтата веќе се намалува и оцени дека поевтинувањето на енергенсите ќе придонесе за дополнително намалување на инфлацијата и цените на останатите производи.

Неговата изјава доаѓа во период кога пазарите и натаму реагираат на неизвесноста околу конфликтот на Блискиот Исток и состојбата во Ормутскиот Теснец.

Во обраќањето, Трамп најави и дека администрацијата ќе го предложи „Големиот здравствен план“, со кој средствата, наместо кон големите осигурителни компании, би се исплаќале директно на граѓаните за покривање на здравствените трошоци.

Дополнително, тој го промовираше и „Save America Act“, предлог-закон што предвидува задолжителна идентификација со фотографија и доказ за американско државјанство при гласање.